01 Јуни, 2024
0.0257

10 вечни цитати од Дејвид Боуви

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Завчера, 10 јануари, светот изгуби уште еден голем музичар. Откако на крајот на 2015 година овој свет го напушти легендарниот Леми Килмистр, во почетокот на 2016 година пламен друг голем - Дејвид Боуви. Причината иста - рак. Боуви замина на 69 години, но она што го остави зад себе, ќе биде запаметено години напред. Ви нудиме 10 од најсилните цитати на уникатниот изведувач: 1. „Направив над 25 студиски албуми и мислам дека меѓу нив има два навистина ужасни, неколку не толку лоши и неколку навистина добри. Горд сум со она што сум го направил. Всушност, беше добро патување“. 2. „Она што ми се допаѓа во мојата музика, е дека успева да ги разбуди духовите кај мене. Не демоните, туку духовите“! 3. „Пред многу години мораше да си признаам дека не сум многу разбирлив, кога треба да објаснувам како се чувствувам. Музиката го прави тоа наместо мене, навистина“. 4. „Секогаш сум се вчудоневидувал како луѓето ги прифаќаат сериозно работите кои ги велам. Дури јас сам не се сфаќам сериозно“ 5. „Секогаш сум имал избезумена потреба да бидам нешто друго, различно од човекот“ 6. „Верувам дека можам да извадам најдоброто од туѓиот талент“ 7. „Сакав да ја докажам моќната сила на музиката“ 8. „Чудното е што има песни кои воопшто не сакаш да ги напишеш“ 9. „Славата може да донесе многу интересни луѓе и да ги бомбардиран со просечност“ 10. „Кога си размислам Адолф Хитлер бил првата поп ѕвезда“