ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Сватовите на Али Ахмети со најголеми добивки од бизнисите во Кичево
Објавено во: Економија 30 Мај, 2024 12:50
АС Сењак, фирмата на Салаудин Арифи, познат уште и како сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е компанијата со најголема добивка за 2023 во Кичево.
Оваа компанија поседува акции во АД Европа, а минатата година го купи мнозинскиот дел од мелницата Жито Караорман. АС Сењак има раширена мрежа на нискоградба. Има и подружница во скопски Сарај за трговија на големо со храна и пијалоци. Минатата година ги продаде своите акции во „Жито Полог“. Добивката е зголемена за 89 отсто, а фирмата официјално имала 27 вработени. Долговите на фирмата се околу 4,65 милиони евра.
Во Топ-5 фирми со најголема добивка во Кичево е и фирмата за трговија Дукла, на Љуљзим Арифи, братот на Салаудин Арифи. За оваа компанија беше објавено дека под претходното име „Шел оил“ ја преземала бензинската пумпа на влезот во Кичево позната како „Повер петрол“. Поседува уште една бензинска пумпа во Тетово. Покрај тоа што тргува на големо преку магацин, има и два маркети за малопродажба во Кичево. Има 43 вработени, годишен приход што се движи кон 10 милиони евра, но и долгови кои на крајот од минатата година биле над 3 милиони евра.
Во „петорката“ е и Марготри Груп на Горан Трипуноски, која го поседува хотелот „Голден Вку“ во рамки на комплексот „Парк “ на охридското крајбрежје. На истата оваа адреса инаку свои бизнис активности има и Зоран Милевски - Кичеец. И оваа фирма има долг - од 1,5 милиони евра во 2023, година која е завршена со 7 вработени. Марготри Груп го поседува и хотелот „Кичево“.
Една од поголемите добивки ја има и агенцијата за обезбедување 2 СС, позната по тоа што неславно ја обезбедуваше контролата на летање на „Македонски навигации“ на скопскиот аеродром кога упаднаа лица поврзани со политиката за да се пресметуваат со незадоволни синдикалци. Компанијата на Самир Билбилоски, освен М-НАВ, има договори од јавни тендери и со други институции. Има 218 вработени и раст на добивката од 108 отсто, а на приходите од 54 отсто.
Во петте најголеми кичевски друштва по остварен профит е и јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. А.К.

Извор: Централен регистар
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




