100 илјади денари и стипендија за Марко Пејчиновски
Објавено во: Стил 30 Август, 2018 14:06
На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“.
- За подвигот кој што Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјдаи денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднини доколку се работи правилно на неговиот раст и развој, изјави Каевски за МИА.
Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиновски за во иднина да прерасне во успешен спортист.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





