19 Декември, 2025
0.0613

10.000 граѓани може да останат без поврат на ДДВ

Објавено во: Економија 01 Декември, 2019 20:21

Добивај вести на Viber

Во месец декември на околу 185 илјади граѓани кои скенирале фискални сметки  ќе им бидат испалтени вкупно 3 милиони евра од проектот „Мој ДДВ“, но околу 10.000 граѓани кои учествувале во повратот може да останат без паричните средства затоа што ја немаат или не ја навеле точната трансакциска сметка.

Ова беше објавено денеска на заедничката конференција на Министерството за финансии, УЈП и Фондот за иновации. До 28 ноември има 184.728 корисници на апликацијата „МојДДВ“, скенирани се 39.584.924 фискални сметки а остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5 и 18 проценти од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра 

Од први јули, откако започна проектот на Министерството за финансии, скенирани се 39 милиони сметки, а анализите покажале дека порастот на скенирање најмногу е забележан во општините Аеродорм, Центар, Битола и Штип. Од Управата за јавни приходи немаат точна бројка колку граѓани го достигнале лимитот од 1800 денари за првото тромесечие.

Имаме одлични резултати во делот на наплатата ако ги споредуваме податоците спредбено со други години имаме повеќе 10 насто згоелмување на ДДВ во јули август и септември. Би сакала да апелирам до сите физички лица кои ја користат апликацијата дека треба да си ги проверат своите трансакциски сметки ако има одредени измени да ги корегираат, ако не внеле трансакциска сметка да го направат што побрзо затоа што ќе ни олеснат на нас како УЈП да можеме да ги враќаме назад парите“-изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба