18 Декември, 2025
0.0996

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Објавено во: Финансии 18 Декември, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Дарко Костовски, Курто Дудуш, Орце Ѓорѓиевски се дел од градоначалниците кои не поднеле изјава за имотната состојба по изборот за градоначалничка функција, соопшти вчера ДКСК.

Меѓу новоизбраните градоначалници е и името на актуелната градоначалничка на Кисела Вода,  Бети Стаменкоска Трајкоска, Менди Ќура, Иван Јорданов, Александар Стојкоски и други. Имињата на сите градоначалници кои не поднеле изјава може да ги видите тука.

Законска обврска да пријават имотна состојба ја имаат и градоначалниците по престанувањето на градоначалничкиот мандат. Па и тука, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Стевче Јакимовски се наведени како градоначалници кои не ја запазиле законската процедура. Се споменува и името на екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која вчера до медиумите испрати реакција дека за тоа дознала дури вчера и дека претходно никој не ја известил дека требала да даде изјава за имотната состојба. Листата на сите градоначалници кои не поднеле изјава за имотната состојба може да ја погледнете тука.

Инаку, вчера Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), констатирала дека 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување имотната состојба. 

Од ДКСК појаснуваат дека согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

- ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба: 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси,  за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог, се наведува во соопштението.

ДКСК најаува ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.


Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома