Консумирајте јаткасти плодови за подолг живот!
Објавено во: Стил
15 Мај, 2014 21:42
Добивај вести на Viber
Консумирањето на една рака јаткасти плодови во текот на денот помага во водењето поздрав живот а воедно и го продолжува се вели во новата студија.
Истражувачите од институтот за канцер Dana-Farber од Бостон, САД, ги проучувале податоците од исхраната, животниот стил и здравјето на околу 120 000 мажи и жени помеѓу 1980-та и 2010-та година.
Пронајдено е дека консумирањето на 28 грама јаткасти плодови во текот на денот е поврзано со 20% намален ризик за смрт од било која причина во следните 30 години. Исто така ризикот од срцеви заболувања се намалил за 29% додека веројатноста за смрт од канцер се намалила за 11%.
Ефектите се однесуваат за ореви, лешници, индиски ореви, бадеми, бразилски кикирики, ф’стаци и кикирики.
Една поодамнешна студија спроведена на Универзитетот од Барселона исто така пронашла дека оревите, бадемите и лешниците помагаат во подобрувањето на расположението, го намалуваат апетитот и го подобруваат крвниот притисок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: