19 Мај, 2024
0.0366

12 работи кои ќе ви помогнат да заштедите пари

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за богатење, формулата е едноставна - трошeте помалку, заштедете повеќе. За жал тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

Распределбата на средства настрана бара доста напори, пишува Business Insider.

Изданието дава примери за 12 работи што секој може да ги примени во секојдневниот живот, за да ги зголеми своите заштеди:

1. Пишувајте ги сите трошоци кои ги правите во тетратка. Така ќе можете да следите подобро колку трошите во реалноста.

2. Гответе дома, наместо да купувате готова храна.

3. Купувајте со полн стомак, за да не се искушувате да купувате непотребни работи.

4. Одете до супермаркетот поретко, но купувајте повеќе производи одеднаш.

5. Влечете пари само од банкомати на вашата банка, за да ги избегнете надоместоците.

6. На работа носете си кафе во термос од дома, а не купувајте по неколку на ден од машината во канцеларијата.

7. Разговарајте со партнерот за финансии. Овие разговори може да не се пријатни, но се потребни - не ги избегнувајте.

8. Не лажете се по марките. Тоа дека некој производ е многу рекламиран, не значи дека е со висок квалитет. Кога сакате да заштедувате сконцентрирајте се повеќе на непознати брендови.

9. Одредете си за еден ден секоја недела, во кој нема да правите никакви трошоци (обезбедете храна од претходниот ден).

10. Купувајте овошје и зеленчук, карактеристични за сезоната. Освен што се убави, и нивните цени се пониски.

11. Исклучете ги електронските апарати од ѕидниот штекер кога не ги користите за да ја намалите вашата сметка за струја.

12. Научете да ги цените преживувањата повеќе од материјалните придобивки. Фокусирајте се на пример врз малите радости од комуникацијата и природата, кои не можат да се купат со пари.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“