19 Декември, 2025
0.0375

15 илјади Македонци земаат по 404 евра социјална помош во Германија

Објавено во: Економија 06 Август, 2016 18:09

Добивај вести на Viber

Сè помал број Германци примаат социјална помош додека бројот на странци приматели расте. На прво место се Турците, по нив Сиријците, но се споменуваат и народите од Балканот, пишува Дојче Веле.

Насловот на германскиот таблоид Билд: „Еве колку странци живеат од социјална помош“, ја подгрева ксенобофијата во Германија. На крајот од април оваа година 26% од примателите на социјална помош во Германија биле странци кои се доселиле во земјата. Вкупно, тоа се 1.541.000 странци. Ова претставува зголемување од 170.000 лица во однос на минатата година.

Најбројни се Турците

Најголем број на странци приматели на социјална помош се Турците (295.000), втори се Сиријците (242.000), а на трето место се првите соседи на Германија, Полјаците (92.506). Според статистиката на Заводот за вработување може да се видат и националностите кај кои е забележан најголем пораст во примањето на социјална помош, при што јасно се гледа дека тоа се бегалците: Еритреја (зголемување за 229,4%) и од Сирија (зголемување за 195.4%).

Податоците на Заводот за вработување сведочат и за големите поместувања на пазарот на трудот во Европа. По влегувањето во ЕУ, Хрватска се истакнува како земја од која бројот на нејзините граѓани вработени во Германија се зголемил за 25% во последната година, од 123.377 на 154.404. Покрај Турците и Сиријците, се наведуваат и 16.150 државјани на Хрватска кои примаат социјална помош во Германија.

404 евра за секој

Кога станува збор за државите од поранешна Југославија, најмалку има Словенци (1.976), а веднаш по нив се Македонците (14.717). На првото место на приматели на социјална помош, убедливо се Србите со 55.065 лица. Следува Косово (27.146), а потоа е Босна и Херцеговина (17.055). Од непознати причини, Црна Гора ја нема во евиденцијата на германските служби.

Од земјите на ЕУ, по Полска, најбројни приматели на социјална помош се граѓаните на Бугарија (73.088), Италија (70.911), Романија (60.084) и Грција (46.485).

Треба да се напомене дека социјалната помош во Германија не е толку голема. На почетокот на годината таа беше зголемена на 404 евра по лице, а истата се зголемува за секое дете и член на семејството. Истата се исплаќа како апсолутен износ, а потоа се намалува за секој остварен приход. Во секој случај, тоа е доволно за основните потреби во Германија.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка