05 Декември, 2025
0.0443

16 500 ЕВРА ЗА ДВА МЕСЕЦА: Aко сакате да се излежувате, НАСА нуди работа од соништата

Објавено во: Стил 30 Март, 2019 18:23

Добивај вести на Viber

НАСА на волонтери ќе им плати 16 500 евра да поминат два месеци во кревет за да им помогнат на научниците да ги намалат последиците од вселенското патување на астронаутите .

Меѓутоа, иако тоа изгледа како работа од соништата, помислата на постојано лежење не е баш примамлива, пренесуваат британски медиуми.

Мажи и жени, 24 од нив, ќе бидат поделени во две групи и сместени во една соба. Од нив ќе се бара да работат се во лежечка положба - од тоа да јадат па и до вршење нужда.

Волонтерите ќе имаат телевизор, ќе може да читаат и да се занимаваат с други активности за да не им биде досадно, пишува The Sun.

Учесниците од ова истражување ќе лежат во кревет два месеци за да се утврди како вселенскиот лет влијае на човековото тело. Секој од учесниците ќе добие по 16 500 евра.

Се работи за заедничка студија на НАСА и Европската вселенска агенција која ќе биде спроведена во Германскиот вселенски центар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: