19 Април, 2024
0.0302

Еве идеја… што мора да направите пред крајот на светот!

Објавено во: Стил 17 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Освен ако не живеете во пештера, најверојатно сте слушнале дека светот наводно завршува на 21 декември бидејќи Маите тука го завршиле нивниот календар. Затоа, од „Бизнис Инсајдер“ советуваат, ако веќе е крајот на светот, еве ви идеја како да ги потрошите парите и да си дозволите малку уживање,бидејќи по апокалипсата, парите и онака би биле безвредни!?! Како и да е, еве ја листата на работи што треба да се направат, па макар и не било крај на светот! 1. Пробајте го најдобриот бифтек во светот! Јапонскиот ресторан „Aragawa“ е познат по две работи - тоа е неверојатно вкусниот и скап телешки стек направен од специјално хранетите  јапонски крави Коби, како и поради неговата срамно скапа цена од  550 долари за парче. Ама кому му е грижа за парите, купете авионски билет и уживајте додека можете! 2.Искачете се на Монт Еверест! Не многу луѓе можат да си дозволат 10 илјади долари колку што чини турата за да се искачи Монт Еверест, а цената ќе биде и многу поскапа ако се стави овде и опремата и стручниот тим потребен за да го стори овој потфат. Всушност ако се вклучат сите трошоци, цената се качува и до 75 илјади долари, пишува „Бизнис Инсајдер“, со вклучени обуки, сместување, тимот со вас, дозволите и авионскиот билет од САД до Непал( веројатно и повеќе ако патувате од Македонија). Сепак оние кои се искачиле до врвот, велат дека сето ова навистина вреди! 3. Проверете го најдобриот СПА центар! Третманот на лицето, масажа, педикир и маникир можеби и не е ништо ексклузивно кога станува збор за најдобриот СПА центар, но ако споменене дека овде истовремено може да се игра голф на на сицилијанската почва , секако ја менува перцепцијата за местото. Ако го букирате претседателскиот апартман во „Verdura Golf & Spa Resort“ на Сицилија, ќе треба да платите 11.600 долари за една ноќ. 4. Отидете во најдобриот ноќен клуб! Многумина од нас може само да сонуваат за тоа што ќе се чувствуваат ако резервираат маса во најубавите ноќни клубови во светот. Но, бидејќи животот како што знаеме е при крај,  резервирајте  ВИП маса во  најдобриот клуб и бидете подготвени да потрошите 10 илади долари за шише. Бирајте -или виски или шампањско! 5. Повозете се во олд-тајмер! Можеби вашиот животен сон е да се возите во „Mustang Fastback“ од 1966, но исто така отсекогаш сте биле љубопитни и за 1969 „Jaguar E-Type“. Оние кои не можат да си дозволат да ги купат и двата автомобили одеднаш , може да станат членови на клуб за олд тајмери, па така да се провозат со нив. Шленството во „The Manhattan Classic Cars Club“ чини скромни 13 илјади долари-годишно. 6. Пробајте го и најскапиот коктел во светот! Секој може да се купи скапо шише вино, но само малкумина може да го купат најскапиот коктел на светот. Лондонскиот шанкер Салваторе Калабресе го направи коктел од најбобрите состојки како врвен шампањ, коњак, ликер од билки, цок од портокал и малку „Angostura Bitters“ за да го создаде својот најпознат коктел „Наследството на Салваторе“што чини 8,830 долари по чаша. Нарачајте колку сакате! 7.Коцкајте се пред крајот! Коцкање станува забавно посебно кога веќе нема што да се изгуби!?! Изнајмете свое катче со своја лична куглана за 5 илјади долари во „Palms Resort“ и конзумирајте вечера од барем 100 долари најдобриот ресторан, а потоа потрошете на Блек Џек!?!  Ако е веќе крајот на светот... 8. Изнајмете ја јахтата на Џејмс Бонд и крстосувајте! Бидете барем за момент дек од последниот филм на Даниел Крег кој го снима на јахтата Регина. Јахтата се изнајмува за  63.560 долари неделно или пак можете да ја купите за 14 милиони долари и заедно со своите најблиски и екипажот да испловите среде турското море. 9.  Видете ги најголемите чуда на светот! Светот е убаво место и веројатно ќе треба да се видат неговите богатства пред да ги снема. Најдобриот совет како да го направите ова доаѓа од „CNN Money“ и вклучува изнајмување серија на приватни авиони, хеликоптери и кучиња што влечат санки да успеете да ги посетите Аурора Бореалис, Викториините Водопади, Монт Еверест, Тенгбоче манастирот, Големиот корален гребен и Големиот Кањонот, помеѓу останатите... 10. И за крај, купете си луксузен бункер... за секој случај! Да и тие се продаваат и еден ваков чини просечно, за едно место 50 илјади долари (25 илјади долари за деца). Со бункерот доаѓа и забавен центар, спална соба, мини аптека и трпезарија. Па размислете добро!

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре