05 Декември, 2025
0.0289

18 илјади долари за пар влечки!

Објавено во: Стил 26 Мај, 2013 17:39

Добивај вести на Viber

Иако апостолките важат за евтини летни обувки, постојат исклучоци. Познати се и како „јапонки“ бидејќи се носат во Јапонија од каде во 50-тите години од минатиот век почнуваат да влегуваат на Запад. Некои од нив се направени од необични материјали, што ги прави многу поскапи. Изданието „Born Rich“ откри кои се најскапите апостолки на светот. Така „Chipkos“,  за луѓето кои паѓаат на брендирани работи, нудат апостолки за 18 000 долари. Тие се нацртани на рака од познатиот современ уметник од Лос Анџелес, Дејвид Палмер. Со приходите од секој продаден пар ќе бидат заштитени близу 10 квадратни метри дождовни шуми, ретки видови и природни ресурси во Коста Рика. Чевлите се украсени со рачно направени 6 -грамови амблеми на Chipkos од 18-каратно злато, што се продаваат во кутија од махагони и стакло. Се нудат во две машки големини (42 и 43 број) и се инспирирани од оригиналниот индијански стил Колапури.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: