Добивај вести на Viber
Еден од најинтересните модели на француската компанија Рено - првата генерација Twingo , наполни 20 години . Малиот и иновативен автомобил се појави во 1993 година кога реализира на пазарите над 2 милиони продажба , соопштуваат од Рено .
Животот на Twingo започна уште во 1989 година , кога Рено му наложува на директорот Ив Дубреил да предложи мал автомобил , кој е компактен , практичен , економичен и удобен , но не и директен конкурент на неговата постара сестра - Clio . За да се постигне бараното , тој одлучил да воведе иновации .
За разлика од останатите модели понудени од многу од неговите конкуренти , Twingo излегува во една верзија и со само еден 1,2 - литарски мотор со 55 КС Twingo е достапен само во четири бои , нудејќи како избор само две дополнителни опции: платн покрив и клима.
Сепак Twingo е предводник на својата класа во сегментот мали градски автомобили во однос на висината, ширината и просторот за колената на патниците - најмногу поради својата лизгачка задна клупа . Всушност , четирите седишта можат да се преклопат , создавајќи импровизиран брачен кревет.
Името на Twingo е мешавина од " Twist " , " Swing " и " Tango " . Еве ги и најважните датуми во историјата за овој автомобил :
Март 1993 : Twingo се пушта во продажба по неговата оригинална презентација неколку месеци порано на автомобилскиот саем во Париз .
1994 : Французин поминува 240 000 км со Twingo во суровата австралиска пустелија , демонстрирајќи ја сигурноста на овој автомобил.
1994 : Лансирање на Twingo Easy опремено со мануелен менувач , но без педала на спојката .
1996 : Лансирање на ограничените верзии Twingo Benetton и Twingo'Matic , опремени со автоматски 3 -брзински менувач. Покрај тоа , моторот е појачан со 5 КС , за да се стигне 60 КС.
1998 : Прво главно дотерување за Twingo : подобрувања на седиштата , таблата со инструменти , светлата и предниот браник. Воведување на ограничената верзија Elite.
1999 : Лансирање на максималната верзија Initiale Paris .
2000 : Излегува модел со 16V мотор со 75 КС и Quickshift секвенцијален менувач .
2005 : Појавата на Kiss Cool лимитираната серија .
28 јуни 2007 : Производство на последното Twingo 1 во Европа , дошло по 2 075 300 продажби во рок од 14 години - ексклузивен животен циклус за автомобил по стандардите на индустријата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: