19 Декември, 2025
0.0495

2014 – Смртоносна година за новинари

Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 20:00

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатата 2014 година убиени се 118 новинари, а Пакистан и Сирија се најсмртоносните земји за луѓето кои ја работат оваа професија, соопшти Меѓународната федерација на новинари. Во споредба со претходната 2013, бројот на убиени новинари во 2014 година се зголемил за 13, а сите биле мета за време додека ги извршувале своите работни обврски или биле фатени при размена на оган, додека 17 загинале во несреќи и природни катастрофи. Меѓународната федерација на новинари ги повика сите влади во светот да ги „заштитат новинарите и тоа да им биде приоритет“, пренесува „АФП“. Некои медиумски организации сега покажуваат внимание кога станува збор за испраќање новинари во завојувани зони и користење материјали од новинари по договор кои се на местото на случувањата, истакнал претседателот на Меѓународната федерација на новинари, Џим Бумел, и додал дека покривањето на воените случувања ќе биде „посиромашно“ поради недостатокот од независни сведоци доколку безбедноста на медиумските работници не се зголеми. Пакистан е земјата во која регистриран е најголем број убиени новинари, 14, а следна е Сирија со 12, и по девет убиени во Авганистан и на Палестинската територија. Меѓу загинатите оваа година е и новинарот на француската агенција, Сардар Ахмад (40), кој беше убиен во март кога талибанските екстремисти упаднале во еден хотел во авганистанската престолнина Кабул. Во нападот беа убиену Ахмад, неговата сопруга и нивните три деца. Во Ирак и Украина убиени се по двајца новинари, додека шестмина настрадаа во Хондурас и пет во Мексико. Податоците на Меѓународната федерација на новинари, која исто така ги вклучува и водителите и другите инволвирани, како возачи кои се вработени од страна на медиумите, се поголеми од оние кои пред една недела ги изнесе Комитетот за заштита на новинари според кои оваа година во светот биле убиени 60 новинари. Организацијата Репортери без граници, пак, соопшти дека во 2014 година загинале 66 новинари.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела