05 Декември, 2025
0.0400

23 Руси на листата на најмоќни луѓе во светот

Објавено во: Стил 09 Мај, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

На листата на 500 најмоќни луѓе во светот на американско списание „Форин Полиси“ се наоѓаат и 23 Руси. На листата се имињата на луѓе кои имаат високи раководни функции во политиката, финансискиот или енергетскиот сектор, во медиумите или во вооруженитее сили, но и влијателни верски лидери.

Меѓу овие 500 најмоќни, според мислењето на американскиот неделник, се наоѓаат и рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев, министерите за надворешни работи, за  одбрана и за  финансии, Сергеј Лавров, Сергеј Шојгу и Антон Силуанов, како и директорот на руската Централна банка, Сергеј Игнатиев.

На листата, објавена во најновото издание на „Форин Полиси“, се наоѓаат и имињата на првите луѓе на „Газпром“, Алексеј Милер, на „Лукоил“, Вагит Алекперов и на „Росњефт“, Игор Сечин, како и милијаредерот Алишер Усманов.

Составувачите на листата на најмоќните во светот, меѓу „моќните Руси“ го ставиле и Семјон Могилевич, руски мафијашки бос по потекло од Украина, за кого се верува дека ја има под контрола најголемата руска мафијашка група. Могилевич, кој е познат и како Сергеј Шнајдер, е осомничен за вмешаност во трговијата со дрога и луѓе, за проституција и за перење пари. Овој руски мафијаш е и на листата на десете најбарни луѓе на американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Ранг листата на најмоќните ги содржи и имињата на американскиот претседател Барак Обама, неговата сопруга Мишел, поранешниот британски премиер Тони Блер, тибетскиот верски лидер Далај Лама, папата Франциско, но и сирискиот претседател Башар ел Асад.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: