3 хороскопски знаци – најголеми трошаџии
Објавено во: Општо 01 Септември, 2016 21:23
Проверете дали и вие сте хедонист кој не се грижи за парите:
Бик
Кај Бикот парите не издржуваат долго. Кога и да дојде до некој денар, брзо и креативно ќе пронајде каде да ги потроши. На него му се важни парите, но само со цел да ги задоволи своите хедонистички потреби. Тој е чест посетител на винариите и кафаните, па таму ја покажува својата галантност. Моментите на уживање едноставно немаат цена. Биковите се создадени за боемски живот.
Вага
На Вагите парите им минуваат низ раце. Кога и да ги добие, со брзина на светлината ќе ги потроши во најблиската продавница или парфимерија. На луѓето родени во знакот на Вага шопингот им е опсесија, затоа поседуваат сензори за скапоцени работи. Она што на око ќе и се допадне, Вагата мора да го има по секоја цена. Дури и ако и зафалат пари,ќе ги преврти земјата и небото за да го пронајде остатокот.
Лав
Лавот е знак кој обожава да се експонира. Тој посакува само луксузна гардероба, автомобили со максимална опременост и се што ќе го направи да се истакне од толпата. Затоа што сака да биде виден, редовен посетител е на сите популарни и скапи места за излегување, спа центри и егзотични дестинации. Тука не штеди ни на своите пријатели кои го величаат како ѕвезда. Галантноста му е манир, па затоа никој не смее да го каже спротивното.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





