30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА АРИФИ И НЕГОВИОТ ПОСРЕДНИК - барал 100 илјади евра, а земал 20 илјади, сега заврши зад решетки

Објавено во: Македонија 09 Април, 2025 15:22
Притвор од 30 дена добија в.д директорот на Специјализираната болница за геријатрија Мухсин Арифи и вториот осомничен за барање и примање поткуп Б.А од судија при Основниот кривичен суд Скопје.
- Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од КЗ, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, донесе решенија со кои:
Се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Основано сомнение дека може да го повторат делото.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет - се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд испратен до медиумите.
Претходно од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштеија дека е спроведуваат истражна постапка против две лица, осомничени за примање поткуп за болничко згрижување на лице.
Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, преку второосомничениот, негов човек од доверба, побарал награда од 100 илјади за згрижување на лице во болницата.
На 8 април годинава, второосомничениот е фатен како во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра.
- Првоосомничениот, како директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025 година, во неколку прилики директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши. Тој, како што информираат од Обвинителство, е осомничен за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице кое боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием - појаснуваат од Обвинителство.
Потоа додаваат дека по неколку дена добила повик од второосомничениот, кој и закажал средба со директорот на Установата на 19.03.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје. Второобвинетиот, како што информира Обвинителство, е осомничен за помагање при извршување на кривично дело „примање поткуп“.
- На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената-сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка. На 03.04.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот, како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 04.04.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра - се вели во соопштението од Обвинителство.
Согласно овој договор, на 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициските службеници.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
МВР, вчера информираше дека се приведени две лица под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“, по што директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, потврди дека во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра.
Министерот за здравство Арбен Таравари вчера, исто така, реагираше во врска со апсењето на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември Скопје” за примање поткуп. Тој потенцира дека испораката на правда мора да биде неселективна и во согласност со сите уставно-правни механизми и темелни вредности.
Директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи, беше назначен за в.д. директор на Геријатрија во јули минатата година од страна на министерот за здравство Арбен Таравари. Претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци.
Можеби ќе ве интересира
НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка
АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање

ПОПЛАДНЕВО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ - поради одбележувањето на Велигден посебен режим во ценатарот на Скопје

ВО СООБРАЌАЈКАТА НА ПАТОТ КИЧЕВО - ГОСТИВАР УЧЕСТВУВАЛЕ ТРИ ВОЗИЛА: ОЈО за несреќата во која загинаа три лица

ДЕНЕС Е ВЕЛИКА САБОТА - денот меѓу смртта и воскресението, ден за сози на љубовта и благодарноста
