НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР
Објавено во: Македонија 17 Април, 2025 17:55
Кривични пријави се поднесени против 10 полицајци кои го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи(МВР) во износ од 614.750 денари.
Се работи за полициските службеници М.П., С.С., Х.С., Б.С., М.Д., Д.Ј.Ј., Н.В., Д.А., Г.С. и Д.Ч. за кои има основи на сомнение за извршено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавените, вработени во Единицата за брзо распоредување, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба така што примале пари од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно. Тие во периодот од 1 декември во 2023 година до 17 септември во 2024 година, го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи за износ од 614.750 денари.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




