FWSK 30: Кога модата станува движење
30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2025 17:23
Модата отсекогаш била повеќе од крој и текстура. Таа е културна изјава, средство за комуникација, рефлексија на времето. На јубилејното 30-то издание на FashionWeekendSkopjepoweredbyUNIBank, модата не е само изложена – таа се живее.
Оваа година, под слоганот „Community“, FWSK 30 ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата – ова е модна недела што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние што ја носат, што ѝ даваат значење, што ја претвораат во израз?
Во време на масовна продукција и брзи трендови, FWSK 30 го поставува прашањето: Кој ја дефинира модата денес?
Стилот е твој. Приказната е заедничка.
Од 25 до 27 април 2025 Diamond Residence А Class office кој е дел од проектот Diamond ofSkopjeќе стане креативен хаб каде што модата, уметноста и заедницата се судираат, создавајќи нешто поголемо од сезонска колекција – создавајќи движење.
Оваа година, со гордост го најавуваме УНИБанка како генерален партнер, поддржувач на идејата дека модата не е само визуелен спектакл, туку културен дијалог. Со нивна поддршка, FWSK не само што ја слави модата – туку и ја редефинира.
Ова не е само уште една сезона. Ова е еволуција.
Модни ревии што раскажуваат приказни, а не само трендови. PublicTalkMarathon што го отвора прашањето за одржливост, културна релевантност и улогата на модата во дигиталната ера. Визуелни инсталации и интерактивни изложби на ДЛУМ што ја истражуваат тема на „Community”како форма на самоизразување. Дигитален проект – заедницата учествува во создавањето на „CommunityOutfits“ преку „mirrorfit-check“ со креации од домашни дизајнери.
Оваа година, FWSK 30 ја прославува индивидуалноста како колективна сила.
Публиката нема да бидат само љубителите на модата – ќе бидат оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во модата стилот е личен, но промената е колективна.
Fashion Weekend Skopje го помести почетокот на 30. издание за крај на овој месец, од 25 до 27април,поради трагедијата што го потресе Кочани и целата јавност. Со солидарност и сочувство кон семејствата и заедницата, FWSK е со уште поголема посветеност на вредностите што ги обединуваат луѓето – културата, уметноста и заедништвото.
Повеќе информации и целата програма ќе ја најдете на: https://fashionweekendskopje.mk/wp-content/uploads/2025/03/FWSK30-powered-by-UNIBank-Programme-MK.pdf
Со посебна благодарност до нашите партнери:
Главниот визуелен концепт е резултат на креативната енергија на студентите од Факултетот за графички дизајн при Меѓународниот Балкански Универзитет, кои создадоа динамична и инспиративна визуелна приказна за оваа специјална сезона.
Perwoll – повеќе од 60 години грижа за ткаенините:„Исто како ново! За три пати подолг век на вашата облека – Первол Renew.“
Мартимекс – ексклузивните парфеми што ја дефинираат сезоната.
MARTINI Fiero – италијанска икона која носи освежување и забава во италијански стил на FWSK. Горд аперитиво партнер.
Официјален партнер зашминка: Pierre Cardin во соработка со СУГС „Димитар Влахов". Pierre Cardin ...Почувствувај го гламурот – Бренд на луксузни производи за совршена шминка.
Официjален партнер за фризурa:Got2B во соработка со СУГС „Димитар Влахов".
Проектни партнери: Green Land Group, Моно бар, Zio Cold brew, Обуча Метро, KP Chairs, Аманти паста и вода Маyа.
Можеби ќе ве интересира
Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

Традицијата продолжува - на Vivax Cool Day 2025, ПАКОМ ги претстави последните технолошки иновации

Samsung MicroLED TV: Врвно луксузно забавно искуство во домот

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ ЗЛАТЕН ДАБ АМБЕР – ПРЕМИУМ ЛАГЕР ПИВО СО 100 ОТСТО ЈАЧМЕНОВ СЛАД

Посно и хранливо – Имлек Оаза напитоци од бадем и овес

Finance Talks by EOS: Царините од САД ќе имаат индиректно влијание врз домашната економија – потребно е редефинирање на даночната и фискалната политика и потрага по нови пазари
