„Пивтијада 2013“: 350 чинии пивтија изедени во Куманово
Објавено во: Стил 19 Јануари, 2013 18:11
350 чинии пивтија денеска беа изедени на традиционалната 11-та по ред „Пивтијада“ која денеска се одржуваше во Куманово. Пивтиите кои вчера се правеа во кумановската населбата „Карпош“, денеска беа презентирани пред посетителите на манифестацијата. Организаторите на манифестацијата , Мултимедијалниот центар „Карпино“ задоволни од посетеноста.
„Манифестацијата ја организираме за да ја зачуваме традицијата, за да не се заборават обичаите поврзани со Водици. Годинава за подготовка на пивтиите е употребено околу 70 килограми месо“, изјави претседателот на центарот Зоран Павловски.На манифестацијата беше избрана и најдобрата пивтија, каде во конкуренција на десетина натпреварувачи за најдобра беше прогласена пивтијата „Манастир Карпино“ на Лила Божиновска, а дел од пивтиите „Карпино“ ќе ги подели на граѓански здруженија и на АРМ, најави организаторот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





