06 Декември, 2025
0.0283

3D принтер за чоколадо – само за љубителите на слаткото задоволство

Објавено во: Стил 26 Јануари, 2014 08:43

Добивај вести на Viber

Најхрабрите соништа на Вили Вонк се на пат да се исполнат. Производителот на чоколадни производи Hеrshey's и технолошка компанија 3D Systems се здружија за создавањето на 3D принтер кој произведува чоколадо, пишува Mashable. Hershey's верува дека 3D печатач може да се претвори во нов систем за испорака на нејзините производи. Нејзиниот партнер, пак, се надева дека 3D технологијата ќе има можност да стане повеќе популарна. Според раководителот на истражувањето и развојот во Hershey's Вилијам Папата станува збор за создавање на нови бонбони, кои се изработуваат во сосема нов начин. Нивното производство е резултат на фактот дека компанијата го прифаќа идејата за 3D Печати благодарение на желбата да работи со новата технологија. Според раководителот на истражувањето и развојот во Hershey's Вилијам Папата станува збор за создавање на нови бонбони, кои се изработуваат на  сосема нов начин. Нивното производство е резултат на фактот дека компанијата ја прифаќа идејата за 3D, благодарение на желбата да работи со новата технологија. За 3D Systems ова не е првпат да прифати  проект за производство на храна. Неодамна компанијата покажа ChefJet 3D печатач за храна, кој создава шеќерни производи. Foodini пак е печатач за мали пици и равиоли. Двете компании, меѓутоа, сè уште не објавиле кога новиот уред ќе биде понуден на пазарот, ниту каква ќе биде неговата цена. Освен тоа, производителот на чоколадо треба да објави дали 3D печатачот ќе служи  за домашна употреба или ќе се користи за повеќе широко производство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: