16 Декември, 2025
0.0500

4iG заинтересирана за влез и во Грција

Објавено во: Економија 05 Септември, 2024 10:23

Добивај вести на Viber

Унгарската компанија 4iG којашто е заинтересирана за влез во Северна Македонија, веќе е пријавена на тендерот за купување на грчкиот телекомуникациски оператор Нова.

Компанијата изразила интерес за купување на Нова, заедно со други компании како Saudi Telecom (STC), со седиште во Ријад, Саудиска Арабија, телекомуникациската група Etisalat од Абу Даби, меѓународниот инвестициски фонд PPF Групацијата со седиште во Холандија, австриската телекомуникациска компанија A1 Telekom Austria Group, американската инвестициска компанија Providence, исто така американската инвестициска компанија Warburg Pincus како и британскиот инвестициски фонд Apax Partners. 4iG поседува компании во Албанија и Црна Гора, ALBtelecom и Telenor, кои оперираат под брендот One.

Во овие две земји има покрива над 2,2 милиони домаќинства и 400 000 бизнис клиенти. Со најновите аквизиции во Унгарија во последниве години, вклучувајќи ги Vodafone Magyarország Zrt., DIGI Távközlési és Szolgáltató Kft., Invitech ICT Sevices Kft и HungaroDigitel, ја направија групата втора по големина телекомуникациска компанија во Унгарија, со вкупно околу 3 милиони и речиси 2 милиони корисници на фиксна линија.

Групацијата 4iG моментално има 28 подружници во 4 земји и вработува повеќе од 8 000 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи