20 Декември, 2025
0.0458

5,02 денари за KWh струја во првите шест месеци годинава

Објавено во: Економија 31 Август, 2016 13:32

Добивај вести на Viber

5,02 денари за KWh изнесува малопродажната цена  на електричната енергија за домаќинствата ширум земјава плаќана во првото полугодие на 2016.

Статистиката бележи пад од  1,65 отсто во споредба со второто полугодие од 2015 година.

Тоа значи деа просечната цена на електричната енергија без данок на додадена вредност за индустријата се движи од 3,14 до 8,27 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Од 14,09 до 16,80 денари по nm3, пак се движела просечната цена на  природниот гас без ДДВ за индустријата.

Од 1 јули годинава цените на електричната енергија за домаќинствата се намалија за  0,25 отсто.

Според надлежните причина за поевтинувањето се помалите трошоци што ги пријавиле енергетските компании.

Кај ЕЛЕМ Производство цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај ЕВН Дистрибуција за 9,71 процент.

Ова е втора година по ред како поевтинува струјата за домаќинствата. Лани се намали за 0,33 отсто.

Според последните податоци од Евростат, Македонија плаќа најевтина електрична енергија во Европа.

За опозицијата ова намалување на цената на струјата беше скандалозно.

Регулаторната комисија за енергетика, цената на електрична енергија ја намали за скандалозни 0 проценти и 25 промили.

„Укажуваме дека постои реална можност за намалување на цената на струјата – не во промили, туку за десетици проценти, бидејки од лани е падната цената на електричната енергија на регионалните берзи, и граѓаните веќе со месеци плаќаат поскапа струја“, вели Митко Андреевски од СДСМ.

Со денешната Одлука, вели Андреевски, регулаторната комисија за енергетика повторно ги штити бизнисите на трите енергетски компании и нивните соработници и дозволува граѓаните да плаќаат скапа струја, овој пат поради милионски рајски градини, ски центри, обезбедувања, фасади и редица други проекти што немаат врска со енергетиката.

„Досега апелиравме, денеска порачуваме: Ќе има Ревизија на денешната одлука на Регулаторната комисија. Ќе има ревизии и на сите претходни одлуки поради коишто во изминатите 10 години цената на струјата е покачена за речиси 100 проценти“, додаде Андреевски.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба