14 Мај, 2024
0.0253

5 погрешни убедувања кои ве спречуваат да се збогатите

Објавено во: Стил, Финансии 15 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Да, ти сакаш да заработиш многу пари - или барем така размислуваш. Но пораките кои општеството ни ги праќа или во кои сами се убедуваме, може да не повлече во друга насока. Време е да го промениме својот однос кон богатството.

Почнете со искоренување на овие погрешни убедувања од вашите умови.

1. Богатите луѓе се груби и зли

Да, има многу примери за богатите луѓе, кои се однесуваат лошо со останатите. Но има и многу такви кои го почитуваат законот, а и даваат голем дел од своите средства за добротворни цели. Затоа не ставајте ги сите под заеднички именител.

2. Многуте пари служат само за купување на бескорисни нешта

Ова тврдење е точно само ако изберете да купите десетици предмети кои веројатно нема да ги користите. Но, никој не рекол дека треба да биде така. Ако ги наосчите парите за патувања, нови искуства, подароци на своите најблиски, ќе видете дека тие навистина можат да ве направат среќни.

3. Заслужувам само толку пари

Има едно масовно верување дека ако се стремиш кон поголем профит, ти си алчен, егоистичен, калкулирач. Од друга страна, сепак - зошто да е лошо да заработуваш, ако си паметен, работиш напорно и имаш талент? Дозволете си да сонувате големи соништа. Токму така најпознатите милијардери на светот дошле до успехот.

4. Луѓето кои прават пари, не се заинтересирани за ништо друго

Таквите луѓе има, но во исто време имало / има и ќе има луѓе како Стив Џобс и Бил Гејтс кои се заинтересирани како наследството ќе го остават зад себе и како да им помогнат на сиромашните. Многу претприемачи се стремат да создадат нешто трајно и корисно. Вие сами избирате дали ќе бидете како нив или фокусот ќе ви биде целосно во богатството.

5. Парите ќе ме променат

Сме биле сведоци на случаи во кои добивки на лото или големо наследство ги менуваат луѓето. Но станува збор за неочекувана состојба, за која човекот не работел. Ако заработувате постепено, преку работа или инвестиции, нема да подлегнете на искушенијата и да се промените. Затоа - земете се во ваши раце и нека 2016-та биде вашата навистина успешна година во однос на финансиите.