19 Мај, 2024
0.0252

5 знаци дека кариерата ви е во криза

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Одите на работа со досада. Секој ден го правите истото. Се чувствувате потценети. Ако се идентификувате со овие тврдења, тоа кажува дека кариерата можеби ви  е во криза. За да бидете сигурни, сепак погледнете ги и следните 5 знаци кои сигурно ја потврдуваат кризата на вашата кариера.

Не сте добиле зголемување на плата во последните две-три години. Дефинитивно е време да поразговарате со вашиот шеф, да го прашате како гледа вашата работа и дали би можеле да очекувате промена кон подобро во блиска иднина.

Одамна не сте усовршила нова вештина. Работата треба да биде проследена со предизвици, збогатување на знаењето, интересни и нови проекти, кои ве развиваат како специјалист. Ако овие нешта ви недостасуваат, време е да размислите за промена.

Го мразите не само понеделникот, а и сите други работни дена. На сите ни се случува работата да ни омрзне, но ако секој ден одите кон канцеларијата со досада и без мотивација, имате проблем.

Не ви се даваат доволно можности. Ве исклучуваат од важни проекти, покажуваат предност за вашите колеги и не ја оценуваат работата завршено од вас. Ако сте се обиделе сè, за да заработите почит на работното место, но се уште не ја чувствувате, треба да се преориентирате.

Немате пат нагоре. Сте достигнале ниво на кариера во ова место, од кое повисоко нема како да се искачите. Можеби е време да се ориентирате за позиции во конкурентна компании или други сфери кои ќе ви понудат поатрактивни услови.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“