7 000 слободни работни места: Eве кои професии се најбарани во Македонија
Објавено во: Економија 02 Март, 2016 19:43
Најмногу слободни работни места во моментов во Македонија има во областа на угостителството и продажбата.
На пазарот на трудот во моментов има 1 737 слободни работни места за угостители и работници за продажба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
После нив најбарани се работници за елементарни занимања како курири, чистачи, перачи, општи работници во земјоделството, шумарството, рибарството, рударството, градежништвото и транспортот.
На крајот од минатата година се барале 884 ракувачи и составувачи на машина, а 683 стручњаци и научници. Од друга страна најпополнети се местата во законодавните и извршните тела, како државни функции, раководни државни службеници, дипломати и директори каде на крајот од 2015 година имало само 27 работни места.
Најголем број на непополнети работни места има во преработувачката индустрија, нешто повеќе од две илајди, потоа во дејноста на автомеханиката слободни биле скоро 1300 работни места, а трет по ред сектор со најголема потреба од работници е градежништвото каде се слободни 614 работни места.
Според регионите во скопскиот има најголема побарувачка на работна сила со 3.332 слободни работни места, потоа пелагонискиот со нешто повеќе илјада.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




