14 Декември, 2025
0.0980

7 држави се заканија со вето за европскиот буџет, земјоделците на протест во Брисел

Објавено во: Свет 22 Ноември, 2012 13:29

Добивај вести на Viber

Летонија и Италија се приклучија на земјите од Европската унија (ЕУ), кои се закануваат да стават вето за буџетот на Унијата, соопшти онлајн изданието „EurActiv.com“. Со нив, 7 држави остануваат незадоволни од предлог-буџетот заедно со Австрија, Велика Британија, Данска, Романија и Шведска. „Ако нашите интереси се целосно запоставени, не ја исклучуваме таа можност да го искористиме право на вето", коментира Латвиски премиер Валдис Домбровскис за латвиската телевизија. Во моментов Летонија добива 35% според  просекот на ЕУ земјоделски субвенции, а  земјата инсистира да стигне до сума од 80 отсто. Во предлог-буџетот сепак е предвидено ваквата стапкатие да стигне до 53%. Тоа ја налути земјоделците и незадоволните фармери од Латвија, Литванија и Естонија кои протестираат денеска во Брисел. Италија, пак, се заканува да го блокира евробуџетот ако тој е, како што наведуваат "е штетен за италијанските граѓани, не е избалансиран и не ги исполнува критериумите за солидарност и ефикасност", соопшти министерот за европски прашања на Италија, Енцо Моаверо Миланеси. Претходно овој месец Австрија исто така се закани со вето, ако се намалат земјоделските субвенции. Реалната закана сепак доаѓа од Велика Британија, чиј премиер Дејвид Камерон прв изрази несогласувањето со повеќегодишната финансиската рамка на ЕУ. Камерон инсистира трошоците во буџетот до 2020 година да бидат реално намалени, како и придонесот на неговата земја. Лидерите на 27-те земји од Унијата, денеска во Брисел дискутираат за висината на задничкиот буџет за периодот 2014-2020 година.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск