86 милиони евра од ЕБОР за патиштата со дупки
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2018
За надградба на транспортната инфраструктура Македонија Европската банка за обнова и развој ни даде 86 милиони евра .
Со тие пари кои се втора транша од проектот кој вреди 181 милиони евра ќе се финансираат и надградат 26 делови од македонската патна мрежа односно над 400 км од регионалните и локалните патишта во земјата.
Според надлежните еден од приоритетите на владата е унапредување на инфраструктурата во земјава која признале или не воопшто не е добра.