17 Април, 2025
0.0628

„А САКАМ ДА ГИ СЛУШНАМ МОИТЕ СОГРАЃАНИ МАКЕДОНЦИ“: Османи сакал да молчи, на тој начин реагира на назначувањето на Богоевски

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Откако за нов директор на Националната агенција за европски образовни политики и мобилност беше назначен Петар Богојески, со реакција се огласи Бујар Османи.
Имам многу што да кажам за ова што вечерва го посочувам, ама сакам вечерва да молчам.

Често, од што сме гласни, меѓусебно не се слушаме.

А сакам да ги слушнам моите сограѓани Македонци.

Сакам да ги слушнам затоа што меѓу нив се моите колеги, моите пријатели, моите соработници; меѓу нив се и моите политички противници, неистомисленици, но за сите сум имал јасен впечаток дека се мои, дека се дел од тоа што сум јас, затоа што се мои сограѓани.

Сакам да ги слушнам, затоа што знам дека веруваат во соживот, во меѓусебна почит и достоинство.

Затоа што знам дека се пред сѐ пристојни и дека не прифаќаат ваква омраза без разлика што не е насочена кон нив.

Денес, државата преку еден човек, назначен да ги води европските образовни фондови, ја понижи цела една заедница со јазик полн омраза, стереотипи и презир.

Не само Албанците – туку и самите Македонци, затоа што овој јазик не зборува од име на ниеден народ.

Овој јазик зборува од името на омразата.

Не сакам да повикам на осуда, туку да испровоцирам будење на совеста.

Ова не е прашање на политика, туку прашање на човечност.

Затоа решив вечерва да молчам – затоа што верувам во човечноста на моите сограѓани.

Ова не е молк на слабост. Ова е тишина од доверба.

Ве слушам.“, напиша Османи на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

СЛЕДНА НА РЕД Е ЗГРАДАТА НА УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ: Јакимовски беше во инспекција и испрати силна порака до граѓаните

СЛЕДНА НА РЕД Е ЗГРАДАТА НА УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ: Јакимовски беше во инспекција и испрати силна порака до граѓаните