А ЗОШТО НЕ И НА АЛБАНСКИТЕ ПЛАЖИ - хотелските се отвораат од први, а јавните од 10-ти јуни
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2020
Од први јуни Албанија ќе им дозволи влез во земјата на Албанците кои се државјани на Македонија, Косово и Црна Гора, објави премиерот Еди Рама. „Преземаме чекори во согласност со добро промислен план и тоа не го правиме постепено, туку напротив. Подготвени сме повторно да ги отвориме нашите копнени граници“, изјави Рама.
„Хотелите ќе можат да ги отворат своите приватни плажи на 1 јуни, додека од 10 јуни се отвораат и јавните плажи“, кажа Рама.
Но, Рама смета дека вирусот не е заминат, и уште е межу нас, а реална е и опасноста од втор бран.
А во земјава, утре на Комисијата за заразни болести една од главните теми ќе биде и отворањето на границите. Министерот за здравство Венко Филипче минатата недела неколку пати истакна дека е рано за отворање на границите.
Од соседните земји, Србија веќе ги отвори границите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.