18 Мај, 2024
0.0270

Абдулменаф Беџети: Ова ни е петта криза од осамостојувањето, не може секогаш да се потпираме на центрите на моќ

Објавено во: Економија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Академикот Абдулменаф Беџети во својата денешна колумна за „Факултети“ вели дека појавата на Ковид-19 е петта криза за Македонија од нејзиното осамостојување и дека истата треба да не научи дека не може секогаш да се потпираме на помошта од светските центри на моќ.

Професорот смирува дека на секои седум-осум години се појавуваат економски и фининсиски кризи. Тоа е затоа што научно е докажано дека економијата не се развива линеарно, туку циклично. Единствено, од тековната што претстои, Беџети очекува науката да извлече заклучоци.

„На самиот почеток на деведесеттите години, при осамостојувањето ни се случи т.н. јужна и северна блокада, исклучиво поради политички причини, ама ни нанесе огромни економски штети. Потоа (во 1997 год.) ни се случија пирамидалните штедилници (ТАТ, Лавци, и слични на нив) би рекол поради системски (економски), а можеби и поради политички причини. Потоа, повторно поради исклучиво политички причини, ни се случи меѓуетничкиот воен конфликт во 2001 година, а 7 години потоа и глобалната финансиска криза (кај нас пристигна 2008/2009), која траеше сè до 2010 (во форма на W). Сега ни се случува Ковид-19, најспецифична и најнепредвидливата во историја на економските кризи барем во период од речиси еден век!“, пишува Беџети.

Тој смета дека за разлика од екот на Глобалната финансиска и должничка криза од 2008 до 2010 кога се трошело непродуктивно, денеска Народна банка и Министерството за финансии се добро координирани со монетарните и фискалните политики.


„За разлика од тогаш, денес за среќа овие два институционални столба на креаторите на економските политики како никогаш до сега (да даде Господ да не ги урочиме!) не биле координирани и хармонични. Затоа последиците на многу пофатална криза од тогашната се очекуваат да бидат многу помали отколку што би биле доколку имаше однесувањето како тогаш. Зарем ова не е научена лекција Второ, во времето на глобалната финансиска и економска криза, поточно при процесот на економска рекуперација, наместо да се впуштиме во крајно потребни капитални и продуктивни инвестиции од типот на хидроелектрани (на пример, Чебрен и Галиште), автопатишта, гасоводни системи, еколошки и „зелени“ инвестиции и сл., ние влеговме во фантомскиот проект т.н. „Скопје 2014“ во инвестиции на фасади, скулптури, археолошки истражувања и официјално потрошивме над 600 милиони евра, а фактички многу повеќе од тоа“, вели Беџети.

Беџети додава дека Македонија мора да работи на полето на ослободување на зависноста од светските центри на мож, бидејќи во вакви ситуации сите мислат првенствено на својата сопствена национална политика. Големите играчи, според Беџети, првенствено помагаат кога кај нив нема криза, односно кога таа е само кај малите.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа