17 Мај, 2024
0.0324

АЦВ - Високите плати се за лани: Фактор не ни тврдеше поинаку

Објавено во: Економија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за цивилно воздухопловство е единствената институција во земјава која ги намали платите на вработените, во договор со Синдикалната организација на АЦВ, стои во реакцијата што Агенцијата ја испрати до Фактор. Утрово објавивме информација која се однесува на сумата која оваа агенција им ја исплатила на вработените по основ на плати. Фактор ги црпи податоците од Извештајот за работата кој Агенцијата го доставила до Собранието на усвојување.

Во рекацијата сепак стои појаснување дека извештајот е за 2019 година, иако и во нашиот текст никаде не стои дека е за годинава. 

Напротив, како резултат на економската криза предзвикана од Ковид 19, која во исклучително голема мера влијаеше врз нормалното одвивање на домашниот, но и меѓународен авиосообраќај, Агенцијата за цивилно воздухопловство е единствената институција во земјава која ги намали платите на вработените, во договор со Синдикалната организација на АЦВ. Што значи, платите на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство, како независно регулаторно и небуџетско тело во земјава, се креираат во согласност со меѓународните воздухопловни правила и стандарди, и истите секогаш јавно и транспарентно биле ставени на увид на македонската јавност, преку финансиските извештаи доставени на усвојување во македонскиот парламент, стои во реакцијата.

Фактор во ниту еден момент не тврди дека платите се поделени сега. Свесни сме дека некои медиуми ја пренесоа информацијата со тврдења дека и во време на криза Агенцијата делела високи плати, ама укажуваме повтроно, дека тоа не е наш став. Сепак оваа институција со години е на врвот на тие кои исплатуваат високи плати. Тоа не е ниту лошо ниту е незаконски, сепак, како што објавуваме други финансиски извештаи редно е да се објави извештајот и на Агенцијата за цивилно воздухопловство. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите