13 Мај, 2025
0.0307

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Објавено во: Економија 17 Мај, 2024 07:15

Добивај вести на Viber

Можностите за инвестиција стануваат се подостапни за македонските стартап компании на кои им е неопходно финансирање за развој на производ или услуга која може брзо да се скалира и да генерира висок раст за краток временски период.

Една од најпопуларните алатки за привлекување инвестиции е преку одржување на т.н. pitch, односно кратка презентација на бизнис идејата која ја оценуваат заинтересираните инвеститори.

Неодмна во Скопје се одржа најдолгиот „pitch“ маратон, на кој се претставија над 50 стартапи.

„LongestPitchMarathon 2024 беше вистинско освежување за македонската стартап заедница. Над 55 стартапи и нешто повеќе од 200 гости ја искористија можноста да се запознаат и започнат разговор со еминентни инвеститори“, вели Сања Митровска која го организираше настанот.

Стартапите имаат можност за директен разговор со сите инвеститори, а истовремено и тие кои се заинтересирани да вложат капитал во брзорастечки компании добиваат знаење и искуство од успешни инвестори кои ги откриваат специфичните предности и предизвици за инвестирање во еден стартап.

„Позитивните искуства и пофалните коментари што ни пристигнуваат од гостите, инвеститорите и стартапите е уште една мотивација, одговорност и обврска да продолжиме со нашата мисија и со заеднички сили и иницијативи да ги пронајдеме сите македонските еднорози, а веќе сме сигурни дека ги има“, смета Митровска.

Еднорозите се стартапи кои достигнуваат пазарна вредност од над 1 милијарда евра. Ваков вид на компании веќе се пробија во нашето непосредно опкружување, и сега се прават напори да се појави и првиот македонски „еднорог“.

„Динамичната и возбудлива атмосфера беше воодушевувачка глетка во просторијата каде се одржуваа директните средби помеѓу инвеститорите и стартапите, како и на „Startup Alley“ каде стартапите ги пречекуваа инвестиорите и одговараа на нивните прашања“, потенцира Митровска, со високи очекувања за лансирање на некој од стартапите на глобално ниво.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Фактор анализа СТРУМИЦА 2024: Бизнисот „врвa“ иако него го нема! Кои 17 фирми свртеле од 10 до 67 милиони евра?

Фактор анализа СТРУМИЦА 2024: Бизнисот „врвa“ иако него го нема! Кои 17 фирми свртеле од 10 до 67 милиони евра?

„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

ДАЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРАЈОТ? Првиот штрајк во историјата на компанијата, илјадници работници ги губат своите работни места

ДАЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРАЈОТ? Првиот штрајк во историјата на компанијата, илјадници работници ги губат своите работни места

ПАСОШИТЕ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОД УПОТРЕБА: Новата ера започнува

ПАСОШИТЕ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОД УПОТРЕБА: Новата ера започнува

ШТО ТОЧНО НОСИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА? Еве ги сите детали, царината е намалена за 115 проценти

ШТО ТОЧНО НОСИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА? Еве ги сите детали, царината е намалена за 115 проценти

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

Самит Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Самит Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги