АЦВ: Вчерашните управувачи со дронови не биле регистрирани оператори

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 15:07
Агенцијата за цивилно воздухопловство реагира дека синоќешното медиумско снимање со дрон на собирот на Плоштад Македонија во Скопје на кој се изрази масовно незадоволство од трагичниот настан во Кочани го прекршил “Правилникот за воздухоплови без екипаж” стапен на сила на 01 јуни 2024 со одложена примена од 01 јануари 2025.
Новинарски екипи од ТВ21 и Ројтерс синоќа биле повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје, по повод трагедијата во Кочани, а по разговорот се пуштени.
„Во текот на 2024г. од страна на АЦВ се преземени низа активности за информирање на јавноста, посебно на корисниците на воздухоплови без екипаж, вклучувајќи ги и медиумите, за стапување на сила на новата регулатива при што како завршен настан на промотивната кампања на 14 декември во Дом на АРМ беше организирана работилница каде сите заинтересирани можеа да ги добијат потребните податоци, директно од вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство кои работат на оваа проблематика.
Дополнително, сите информации во врска со начинот и правилата за оперирање со воздухоплови без екипаж во македонски воздушен простор 24/7 се лесно достапни на веб страницата на Агенцијата (www.caa.gov.mk) и/или (www.drone.gov.mk)
Оттаму прекршувањето на правилата под изговор “не сме знаеле” е неприфатливо“,велат од АЦВ.
Од таму додаваат дека забраната за директно налетување на луѓе е стара веќе 10 години и истата е предвидена уште со “Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонски воздушен простор” донесена од Владата во 2015 и 2017, а во член 4 предвидено е дека: “Далечинскиот пилот воздухопловот ќе го управува на безбедно растојание од луѓе и дека нема да лета директно над луѓе – собири на луѓе”
„Во конкретниот случај со оглед дека Агенцијата за цивилно воздухопловство ја применува истата регулатива како и останатите европски држави, со ограничувањата кои се пропишани требало да се запознаени како македонските, така и странските оператори на воздухоплови без екипаж.
При вчерашните настани лицата кои управувале со дронови, морале да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат потврда за регистриран оператор на дрон издадена од АЦВ. Истите никако не смееле директно да ја надлетуваат групата, односно собирот на луѓе, бидејќи во ниту една категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено директно да се надлетуваат собири на луѓе.
Лицата кои управувале со дронови морале да поседуваат сертификат за оспособеност за далечински пилот (А1/А3 или А2) издаден од АЦВ.
Операторите на дронови единствено би имале право да летаат во близина на луѓе (без директно надлетување на луѓе) доколку поседуваат оперативно одобрение за оператор на дронови, во посебна категорија, издадено од АЦВ. Оперативното одобрение се издава во управна постапка, која што вклучува детална проверка на операторот и системот за управување со безбедноста на летот опишан во Оперативниот прирачник на операторот кој се доставува на одобрување до АЦВ. При тоа далечинските пилоти мора да поседуваат сертификат за оспособеност во категорија на операции А2“, објаснуваат од агенцијата.
Во соопштението се вели дека покрај инспекторите од Агенцијата за цивилно воздухопловство, надзор врз операциите со воздухоплови без екипаж можат да вршат и полициски службеници.
Можеби ќе ве интересира
„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

СЕГА БУЛДОЖЕР. СРАМНЕТЕ ТОА ШТАЛАТА СО ЗЕМЈА, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ТОЈ ПЕКОЛ: Лукреција Маљковиќ- Атанасовска ја трогна јавноста со порака за несреќата

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата

ЛА НИЊА НЕ ЗАВРШИЛА СО НАС: Балканот би можел да биде меѓу најпогодените?

ПАЦЕНТИТЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ СТАБИЛНИ: Д-р. Чибишев за хоспитализираните од Кочани

СЕ ОГЛАСИ СОПРУГАТА НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР - ДРЖИ ЈА ВИСОКО ГЛАВАТА КРЕШНИК: Има многу инстанци пред да се добие согласност од Министерството за економија

Платформа - антикорупција: Одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа

Се одлужува шоуто „Глумците пеат“ - купените влезници ќе важат за новите термини
