18 Декември, 2025
0.0444

АД ЕЛЕМ ќе учествува на најголемиот саем за енергетика во Виена

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2013 10:56

Добивај вести на Viber

Со свој штанд АД Електрани на Македонија - ЕЛЕМ и годинава ќе биде присутна на најголемиот саем за енергетика во Европа „Power Gen Europe 2013“, што утре официјално ќе биде отворен во Виена, Австрија. На саемот со свои штандови и презентации учествуваат компании од сите континенти чија основна дејност е производство на енергија и компаниите кои произведуваат опрема за енергетски капацитети. Ова е трето учество на АД ЕЛЕМ на „Power Gen Europe“ во саемскиот дел за промоција на обновливи извори на енергија. Пред две години во Милано и лани во Келн штандот на единствената македонска компанија која доесега излагала на најголемиот саем за енергетика го посетија преку 3.000 посетители и се воспостави комуникација со најголемите компании. АД ЕЛЕМ и годинава на својот штанд преку 3Д визуелизација ќе ги претстави развојните енергетски проекти во Република Македонија пред потенцијалните бизнис партнери кои ја гледаат Македонија како можна бизнис-дестинација. Ќе бидат претставени паркот на ветерни електрани „Богданци“, хидроелектраната „Бошков Мост“ и акумулацијата „Луково Поле“, проекти од кои дел се веќе во фаза на реализација, а за дел течат подготвителните активности. Годинава по прв пат ќе бидат претставени визуелните презентации на комплексот електрани на Црна Река „Чебрен и Галиште“ и проектот „Вардарска долина“.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји