Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
Објавено во: Економија 17 Декември, 2025 20:40
Русија оваа година потрошила 5,1 отсто од БДП за војната во Украина.
Ова денеска го потврди рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, што претставува прва ваква официјална проценка за оваа година.
Врз основа на проценетиот БДП за 2025 година од 217 билиони рубљи (2,7 билиони американски долари), воената потрошувачка ќе изнесува 11 билиони рубљи.
Белоусов изјави дека Министерството за одбрана во 2025 година вкупно ќе потроши 7,3 проценти од БДП, вклучително и невоените трошоци.
„Водењето борбени операции доведе до зголемување на воената потрошувачка. Сето тоа бараше строга оптимизација и утврдување приоритети во буџетот за одбрана“, рече Белоусов на годишниот состанок на Министерството, на кој присуствуваше и претседателот Владимир Путин.Белоусов изјави дека Министерството во 2025 година се соочило со големи буџетски ограничувања и дека морало да ги намалува трошоците.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




