19 Декември, 2025
0.0471

АД ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки

Објавено во: Економија 29 Јули, 2025 13:21

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки

По повод неоснованите обвинувања од страна на политичката партија Левица во врска со набавката на помошна механизација за потребите на РЕК Битола, АД ЕСМ најостро ги демантира изнесените невистини и ја информира јавноста за следното:

Изнесените тврдења од страна на Левица манифестираат елементарно непознавање на Законот за јавни набавки и целосно ја игнорираат законската процедура по која АД ЕСМ постапува. Јавниот повик кој се обидуваат да го скандализираат е спроведен во целосна согласност со сите позитивни законски прописи.

Имено, во моментот на реализација на тендерската процедура, предметната компанија „Рудкоп“ немала законски пречки за исклучување, ниту забрана од надлежните органи за учество на тендери.  Исто така, немала негативна референца што исто така, би можело да ја исклучи од постапките за јавни набавки. Врз основа на овие факти, Комисијата за јавни набавки  немала правни аргументи за елиминација на предметниот потенцијален економски оператор.

Одлуката за избор и констатацијата на Комисијата за ЈН се базираат на фактот дека фирмата имала најповолна понуда. Станува збор за рамковен договор според кој се плаќа по ангажман, односно само доколку РЕК Битола има потреба од помошна механизација. Ова значи дека плаќањето се врши исклучиво за извршена услуга и во согласност со реалните потреби на РЕК Битола.

АД ЕСМ работи исклучиво според законите и нема намера да врши каква било политичка селекција на фирми кои учествуваат во сегментот јавни набавки. Секоја фирма и потенцијален оператор што се јавува на распишаните јавни повици е предмет на детална проверка, согласно Законот за јавни набавки и според утврдените критериуми и правила за учество.

Ги повикуваме од партијата Левица пред да изнесуваат паушални обвинувања, претходно да се описменат за тематиките, да ги проверат фактите и  темелно да се запознаат со законските регулативи. АД ЕСМ останува посветена на транспарентното и законско работење во интерес на граѓаните и државата.

АД ЕСМ


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии