АД Железници го доби осмиот директор за пет години
Објавено во: Економија 20 Март, 2023 14:28
Зуљхајрат Демири, претседателот на огранокот на Алијанса за Албанците од Врапчиште, е поставен за нов генерален директор и претседател на Управниот одбор на Железници на РСМ Транспорт. Тој е осмиот директор кој ќе го води акционерското друштво во последните години.
Демири доаѓа на местото на Мајан Весели, досегашниот кадар на Алтернатива, за кого синдикатите на АД Железници Транспорт петиција да не биде менуван бидејќи бил директор кој добро знаел шти му е потребно на претпријатието за да се носи со тешката состојба во која се наоѓа.

Министерството за финансии претходно објави дека најголемиот државен загубар кој работи со превоз на патници и материјали по железнички пат, на крајот на минатата година должел 68,6 милиони евра. Во декември лани околу 3,3 милиони евра му беа префрлени на АД МЖ Транспорт, за да може да го плати долгот кон ЕВН, поради кој дури дојде и до кратко исклучување на електричната енергија.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




