07 Октомври, 2024
0.0254

Адеми: Учениците утре да дојдат во училиште, никогаш не се штрајкувало кога имало покачување на плата

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за образование, Арбр Адеми, на денешната прес-конференција рече дека МОН и Владата остануваат на ставот дека утре наставниците треба да си ја завршат рабоптата, а родителите и учениците да дојдат на првиот училишен ден од новата учлилишна година по најавите од СОНК за предупредувачки штрајк на 2 септември и дополнителна одлука за генерален штрајксо барање платите да бидат зголкемени за многу повеќе од 5 отсто. 

„Ние ги почитуваме одлуките на СОНК и на било кои одлуки. Учениците да бидат ви училиштето. Решение ќе има, ќе има и идно покачување на платите. Наставниците да си ја завршпат работата, а родителите и учениците да дојдат во училиште“, нагласи министерот.

Адеми вели дека не се памети кога некој синдикат организирал штрајк во услови кога им се зголемуваат платите на работиниците.

„Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние нудиме решение. Ќе има уште едно зголемување, но откако ќе се разгледаат сите параметри и податоци. Ние имаме обврска да ги разгледаме и финансиските импликации.

Утрешниот ден наставниците да го организираат на најдобар можен начин. Особено ќе биде голем дел за првачињата. Тие започнуваат нова етапа во своите животи.

Вчера се слушнат телефонски со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, преговорите продолжуваат  Ние не се гледаме како непријатели. Сите ние сакаме да ги подобриме работите во образованието заедно“, рече Адеми на средбата со новинарите.

Тој им посака успех на околу 20.000 деца кои утре за прв пат седнуваат во училишните клупи и додаде дека во последната година платата на просветните работници е зголемена севкупно во просек за над 10 отсто.

„За одобрување на материјалниот статус на вработените сме превземале многу, но исто така и за условите во кои учат нашите деца. Во последната година имаше над 10 отсто покачување на платите. Попрецизно 10,8 отсто.

Остануваме на ставот како МОН и Влада да продолжиме со преговорите со СОНК и сите други чинители. Сме покажале дека сме на страната на вработените. Со новиот закон за наставници и стручни соработници со кој за секое зголемено скалило на напредување ќе има зголемување на платата од следната година.

Оваа Влада ги покачува и платите. Сме покажале сериозност и заложба од наша страна за пдообрување на општествениот и материјалниот статус на вработените“, рече Адеми.

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер