18 Декември, 2025
0.1052

„Адинг“ го има рецептот! Какви адитиви додаде за да ја удвои добивката?

Објавено во: Економија 25 Јули, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Уникатната македонска компанија за хемиски додатоци (читај адитиви н.з.) во градежништвото има одлично полугодие што е најава за солидна деловна година. За првите шест месеци компанијата произвела добивка од 634.000 евра што е 15% од приходот. А подобра вест е само тоа што добивката годинава е двојно поголема од профитот за истиот период лани

Реномираната македонска компанија за адитиви во градежништвото, скопски „Адинг“ има полугодие за пофалба. Добивката е удвоена во споредба со истиот период лани, приходите се зголемени за 13 отсто, извозот расте, а зголемена е и продажбата на домашниот пазар.

За првите шест месеци годинава „Адинг“ направи приход од продажба во вредност од 4,23 милиони евра. Извозот во вкупната продажба учествува во 1,8 милиони евра што е за 9 отсто подобро од истиот период лани. Каде се изведувале градежните адитиви на „Адинг“? Најмногу со Србија каде завршиле 55 отсто од целиот извоз. Од регионот тука се Бугарија со 19 отсто, Косово и Црна Гора со по 6 отсто, Бугарија со 19 отсто. „Адинг“ е толку баран што и во воени услови успеал во Украина да пласира речиси 4 отсто од целиот извоз. На домашниот пазар продажбата на „Адинг“ изнесува 2,4 милиони евра.

Оперативните расходи на компанијата изнесуваат 3,7 милиони евра. Очекувано убедливо најголема ставка се трошоците за суровини и материјали за кои „Адинг“ платил 2,33 милиони евра. Трошоците за вработените се втора по големина расходна ставка и тие изнесуваат 652.000 евра. Во споредба со истиот период лани се зголемени за 14 отсто.

Оперативната добивка на компанијата изнесува 639.000 евра што двојно повеќе од истиот период лани. Нето добивката е 634.000 евра и е поголема за 329.000 евра во однос на претходната година.

Од образложението кон резултатите е видливо дека компанијата правела идентичен профит во првите два квартали, што наведува на заклучок дека менаџментот добро ја планирал работата.

И во двата квартали од првото полугодие „Адинг“ ги натфрлал плановите за продукција и за продажба. Во првиот квартал планот е натфрлен за 27 отсто, а во вториот квартал за 20 отсто. 

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа