20 Декември, 2025
0.0467

АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ СЕ БОГАТАТ, НАРОДОТ ПРЕЖИВУВА: Доволна е или не, просечната плата?

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2016 14:59

Добивај вести на Viber

Просечната исплатена нето плата во земјава речиси го достигнува нивото на 2009 година а податоците за просечната нето-плата исплатена во декември лани била 22.715 денари или 369 евра.

Тоа значи дека се зголемила 1,4% во однос на 2014 година.

Тоз зголемување е резултат на растот на заработката на вработените е поради зголемената  просечната нето-плата во администрацијата и услужните дејности, и во секторите Уметност, забава и рекреација  и Информации и комуникации.

Раст на просечната исплатена нето заработка во декември е забележано и во секторите тручни, научни и технички дејности (18.8%), Информации и комуникации (9.9%) и  Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8.9%).

Податоците бележат и дека во декември 2015 , 1,3 одсто од вработените не земале плата, додека во ноември истата 2015 година овој процент изнесувал 1,2 одсто.

Кој ја зема највисоката плата во Македонија?

Информатичари, пилоти и финансиски сектор се професиите кои носат најголема заработка во моментов во Македонија. Наспроти нив најниско платени професии сe рибарството,угостителството и текстилната индустрија покажуваат статистичките податоци.

Во секторот на воздухопловство, висината на просечниот личен доход достигнала 68.166 денари во ноември лани покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика. Над просекот се и платите исплатени во телекомуникацискиот сектор со 50.097 денари и финансиските и услужни дејности имале просечна месечна заработка од 43.740 денари.

Што се однесува до фармацевтската инфустрија, енергетскиот сектор и консалтинг услугите податоците велат дека вработените земаат од 37.000 до 39.000 денари.

На пазарот на труд и понатаму најбарани се градежниците кои имаат  плата од над 19 илјади, додека здравствените и социјалните работници заработуваат по 24.500 денари.

Прсечната плата на вработените во јавната администрација изнесува 26.368 денари (430 евра).

Во споредба со останатите земји од регионот, жителите на Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина се подобро платени, додека Албанците и Србите заедно со Македонците имаат најниски плати.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба