15 Декември, 2025
0.0436

АДВОКАТОТ МИТРЕВСКИ КОНТРА ЈАНКУЛОВСКА: „Претставување на оваа вообичаена фаза како голема победа на Јанкуловска, е едноставно лага!“

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2025 10:57

Добивај вести на Viber

Откако вчера, екс министерката објави дека судот во Стразбур отворил сериозни прашања за слуајот „Тенк“ во кој таа беше осудена на затворска казна, се огласи адвокатот Јанаки Митровски, кој вели дека ова е стандардна процедура и дека Јанкулоска не извојувала никаква победа.

Цел ден се шири лажен пропаганден наратив небаре е одлучено по апликацијата на Гордана Јанкуловска по предметот Тенк. Па те Стразбур ја строел Македонија и минатата Влада, отворил сериозни прашања за македонското судство и останати манипулации. Вистината е следна:

- Секогаш кога се поднесува апликација првично ја разгледува судија поединец кој може да ја отфрли на старт како недопуштена или да го помине овој прв филтер ако не е очигледно неоснована. Внимавајте судот во прв филтер прифатил дека апликацијата не е очигледно неоснована, што не е исто што и основана.

-Во следна фаза, која е токму оваа, Судот комуницира со Владата и поставува прашања на кои очекува одговор и кои се во насока на утврдување на битни факти за конечна одлука. Ова е ВООБИЧАЕНО во СИТЕ апикации кои го минале првиот филтер, и не претставува никаков огромен успех на апликантот како што се обидува да се претстави. Најнормалана комуникација меѓу судот и странките.

-Дури потоа предметот оди на одлучување, или пред стандарден Совет од седум судии или пред Голем судски совет од седумнаесет судии доколку се работи за прашање за кое Судот смета дека е особено важно во насока на заштита на правата од Конвенција.

Да бидеме јасни, сите прашања упатени до Владата се легитимни, и темпото со кое е судена Јанкуловска, и пристапот до доказите, правото на одбрана итн. Но претставување на оваа, ВООБИЧАЕНА фаза од процесот како "голема победа на Јанкуловска" е едноставно лага!“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“