15 Декември, 2025
0.0366

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2025 13:27

Добивај вести на Viber

Доскорешниот градоначалник на Демир Капија, Лазар Петров, добил кривична пријава за контаминирање на вода наменета за локално населениево село Прждево, објави СВР Неготино. Пријава добил и тогашниот директор на комуналното претпријатие „Бошава“.

„ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик. 

Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. 

Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото“,објави СВР Неготино.

Можеби ќе ве интересира

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери