24 Октомври, 2024
0.0262

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Канцеларијата на адвокатот Христијан Георгиевски ќе ја брани 33-годишната кратовчанка која со нож ги уби својот сопсруг и свекор. Тој за „Телма“ вели дека жената е класичен пример за семејно насилство и побара од судот да ја пушти од притвор.

Павникот открива дека секојдневно се пријавуваат сведоци во корист на кратовчанката за да ги убедат институциите дека таа била жртва на насилство пред да се одлучи да посегне по животот на двајцата мажи, во случајов син и татко.

Георгиевски вели дека поднесена е жалба притворот да се замени со поблага мерка., бидејќи како што вели, станува збор за школски пример на повеќегодишна жртва на семејство насилство. Трагите се видливи, според правникот, а двете малолетни деца се истрауматизирани.

- Жалба е поднесена во законскиот рок за замена со друга поблага мерка. Ќекаме одговор од Основниот суд Куманово. Ова е школски пример на жртви кои треба да бидат згрижени од државата и да им се обезбеди најдобрата одбрана, вели тој.

Основното јавно обвинителство Куманово пред една недела донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, која е осомничена дека сторила кривичнo делo – убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Според досегашните сознанија, претходно имало семејна расправа, а сопругот ја удирал со тупаници, потоа и ја давел жената. .

„Јавното обвинителство денеска соопшти дека при вршење семејно насилство вчера осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место“, велат од обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.


Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра