АДВОКАТОТ ПОТВРДИ: Боки 13 е пуштен на слобода!
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023 20:49
Осудениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот адвокат, а неофицијална потврда има и од Кривичниот суд.
Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.
Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, откако му е извршена операција.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која кажа дека иако е задоцнета, е праведна. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби 7 години затвор.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




