18 Декември, 2025
0.0998

АЕК: Ќе бидеме први во Западен Балкан со воведувањето на 5Г мрежата, ќе има повеќе пари во буџетот

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2021 07:30

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации на почетокот од месецот ја стартуваше постапката за објава на тендер со којшто ќе додели одобренија за користење на радиофрекфенции за петтатата мобилна генерација 5Г.  До 5 јули заинтересираните страни треба да достават намера за добивање радиофрекфенции.

Од регулаторното тело велат дека интересот кај операторите ќе се знае по завшувањето на периодот за јавна расправа на објавената намера.

„Во зависност од бројот на доставените писма на намери можни се две сценарија. Првото е да изјават намера за купување на радиофреквенции повеќе субјекти од предвидените одобренија за доделување во намерата и во тој случај се продолжува со објава на тендерска постапка. Второто е да изјават намера за купување на радиофреквенции помалку или онолку субјекти колку што се предвидени за доделување на одобренија во намерата и во тој случај се продолжува со постапка со поднесување на барање за користење на радиофреквенции“, велат од АЕК.

Од таму додаваат дека, согласно динамиката,  Македонија ќе биде првата земја во регионот со воведување на овие фреквенции, а економски бенефит ќе има стопанството, како и буџетот на земјата.

„Бенефитот е повеќестран како развој на целокупната економија во сите области, внесување на свежи средства во буџетот на Македонија, можни нови вработувања во случај на влез на нов оператор на пазарот во Македонија, вработувања во вертикалната индустрија итн. Во регионот 5Г не е воведен во државите од Западен Балкан, така што со успешно спроведена постапка ние би биле права држава од оваа група на држави кои ќе воведат 5Г“, гласи одговорот од АЕК.

Станува збор за повик за три фреквенциски опсези, односно Агенцијата планира да додели три одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 700 MHz, седум одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 3.x GHz и четири одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 26 GHz.


Конкретно, планот е до крајот на 2023 година Скопје да биде покриен со 5Г сигнал, а до крајот на 2029 година секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Со воведувањето на овие фреквенции, се очекува поставилни електронски комуникациски мрежи, користење на нови богати медиумски содржини, апликации, нови иновативни услуги прилагодливи за различни платформи.

Се претпоставува дека овие мобилните мрежи и технологии овозможуваат реорганизација на процесите за производство и работа и кај деловниот сектор и кај администрацијата, или индиректоно побрз развој на економијата и на знаењето.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?