АЕК: Корисниците користат интернет помеѓу 8 и 20 Mbps
Објавено во: Економија 19 Август, 2016 12:16
Агенцијата за електронски комуникации со правилник ги пропишува минималните параметри на квалитет што треба да ги исполнуваат операторите во Република Македонија кога обезбедуваат услуги за своите корисници.
Правилникот се однесува на голем број на параметри за квалитет на фиксните и мобилните мрежи во Република Македонија.
Агенцијата со своја опрема ги мери сите параметри за мобилните услуги како што се брзина на воспоставување на повик, број на прекинати повици, успешност на испратени СМС пораки, кои и брзините на интернет кои ги нудат мобилните оператори на своите корисници.
Сите измерени параметри јавно ги објавија на нивната веб страна komuniciraj.mk која е наменета за информации за сите корисници во Република Македонија.
Од последниот циклус на мерења во согласност со законските процедури измерени и објавени се просечните брзини на интернет на операторите и тоа 13,5 Mbps download за Македонски Телеком и 8,8 Mbps download за оне.Вип без разлика на технологијата која се користи. Овие брзини се повисоки од минимално пропишаните 3 Mbps за урбани средини и минимално пропишаните 2 Mbps по поголемите патишта, како што се дефинирани според Правилникот на Агенцијата. Со последното мерење на територијата на град Скопје беа направени повеќе од 9000 мерење според кои се добиени следните просечни вредности за неуспешно воспоставени повици прикажани на график:
*обид за повик кон валиден број, во областа на покривање, при што ниту повикот е одговорен, ниту пак страната која повикува препознава тон за зафатено или пак тон за ѕвонење
Во однос на прекинати повици се добиени просечните вредности прикажани на следниот график:
*повици кои веќе се успешно воспоставени и веќе имаат доделено сообраќаен канал, а се прекинати пред да бидат завршени од крајниот корисник
Во однос на брзината на воспоставување повик од мобилен телефон кај „ОНЕ“ има најмал број неуспешно воспоставени повици, односно 0,28 проценти, кај „ВИП“ 0,49 проценти, а кај „Македонски телеком“ 0,67 проценти. Најмалку прекинати повици повторно има во мрежата на „ОНЕ“ или 0,32 проценти, по што следува „Македонски телеком“ со 0,9 проценти и „ВИП“ со 1,14 проценти.Во однос на брзините на мобилниот интернет просечните вредности на измерените резултати на територија на градот Скопје се дадени на следниот график:
Целосниот извештај за резултатите од мерењата на параметрите за квалитет на територија на град Скопје, како и за други подрачја, може да се добие на следниот линк: http://www.komuniciraj.mk/index.php/kvalitet-na-uslugi/2014-05-06- 14-21-58.
Во однос на фиксните услуги Агенцијата сеуште нема воспоставено интегриран систем за мерење со сопствена опрема, но прибира податоци од страна на операторите во Република Македонија.
Во однос на фиксниот интернет според податоците од страна на операторите најголемиот дел од корисниците користат интернет помеѓу 8 и 20 Mbps. Во овој период АЕК изработува апликација со која ќе може сите корисници да добијат информации за сопствената брзина на пристап до интернет и многу други параметри за квалитет на интернет пристапот, од уредите каде таа апликација ќе биде инсталирана без разлика дали се работи за мобилни или фиксни мрежи. Во текот на Август оваа година, со цел да се подобри квалитетот на апликацијата, таа ќе биде достапна за бета тестирање од страна на сите заинтересирани корисници.
Сите релевантни информации за бета тестирањето се достапни на веб страната на АЕК наменета за корисници www.komuniciraj.mk од 10.08.2016 година. Доколку АЕК со стручен надзор утврди дека не се почитуваат определени одредби од овој правилник презема активности во согласност со правилникот и Законот за електронски комуникации со што ги задолжува операторите да го подобрат својот квалитет. Во однос на пограничните зони Агенцијата во својот правилник има пропишано дека операторите имаат обврска да ги преземат сите активности за да ги заштитат своите корисници од несакан роаминг. Доколку по грешка или заради слаб квалитет на мрежите некој од корисниците е оштетен со несакан роаминг, операторот треба таа штета да му ја надомести на корисникот во целосен износ.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба







