20 Декември, 2025
0.0690

АЕК: Вип е главен оператор кај деловните корисници

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2013 12:16

Добивај вести на Viber

Најголем процент од деловниот корисници го користат Вип оператор како главен оператор за услуги од мобилната телефонија, а скоро 88% од испитаните деловни корисници не користат втор оператор за своите деловни активности. Ова се резултатите од најновото истражување што го спроведе Агенцијата за електронски комуникации во октомври годинава кај деловните корисници. Резултатите покажуваат дека 38% од испитаните компании кои биле опфатени со ова истражување одговориле дека Вип оператор е нивниот главен оператор. Втор главен оператор кај деловните корисници е Т- мобиле со 35% и Оне со 28%. Главна причина за избор на главен оператор кај деловните корисници е цената. Околу 10% од деловните корисници минатата година го промениле својот главен мобилен оператор, а главна причина била поповолна понуда кај друг оператор. Истражувањето покажува дека во просек компаниите имаат по еден деловен мобилен телефон по вработен со просечни месечни трошоци од 1088 денари што претставува намалување од околу 400 денари, во однос на износот што по овој основ го плаќале компаниите минатата година. Над 95% од испитаните компании изјавиле дека се обврзани со договор со своите оператори, а од нив 18 % имаат договори кои се креирани согласно нивните потреби. Над 71% од компаниите не користат интернет преку својот мобилен телефон за деловни потреби, но во овој сегмент има раст, бидејќи 68% од испитаните компании одговориле дека ја користат оваа услуга повеќе од минатата година. Годинава повеќе се користат мобилни услуги во однос на лани. Годинава според одговорите од компаниите се користи мобилна телефонија 88,33% што е повеќе од лани кога процентот на компаниите што користеле мобилна телефонија изнесувал 83,76%. Паѓа користењето на фиксна телефонија во деловните активности на компаниите, така што годинава процентот на искористеност на фиксна телефонија изнесува 71,67%, додека лани овој процент изнесувал 77,67%. Над 64,33% од компаниите користат интернет во своите деловни активности, и овој процент е скоро на исто ниво како и минатата година, со блага тенденција на пораст. Пад од 15% се забележува и во користењето на роаминг услугите кај компаниите. Од нив 27% користат роаминг, но помалку од минатата година. Кога се во странство компаниите главно користат СМС околу 70% и говорни услуги со 85%. Раст има кај користењето на e mail од странство, а компаниите при престој во странство воглавно активираат роаминг пакети.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии