18 Мај, 2024
0.0262

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат зголемување на бројот на превезени патници

Објавено во: Економија 20 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2013 година.

Имено, во посочениот период од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 704.563 патници односно зголемување од 17.2% во одонос на истиот период во 2013 година, кога биле превезени вкупно 601.345 патници.

Најголем пораст на бројот на превезени патници во однос на предметниот период е евидентирано во месец април  2014 година, кога од двата аеродрома се превезени вкупно 107.037 патници што претставува пораст од 39.6% во однос на истиот месец 2013 година, кога биле превезени 76.653 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во периодот јануари-јули се превезени 668.870 патници односно зголемување од 19.9% во однос на истиот период во 2013 година кога биле превезени 557.836 патници.Во однос на операции на воздухоплови за периодот јануари-јули 2014 од двата аеродороми „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, извршени се 7794 операции односно зголемување од 9.3% во однос на истиот период за 2013 година, кога биле извршени 7128 операции.

Во однос на превезено Карго (стока и пошта) во периодот јануари-јули 2014 од двата аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се 1846.43 тони односно зголемување од 19.8% во однос на истиот период во 2013 година, кога биле превезени 1540.93 тони.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа