АФЕРА КОЈА ГО ДРМА СВЕТОТ: Еве како да отворите офшор компанија во Панама, и колку ќе ве чини!
Објавено во: Економија 06 Април, 2016 08:53
Светот овие денови го потресе аферата под името „Документите на Панама“ за глобални малверзации преку офшор компании.
Бизнис со посредство на тие компании не е нужно нелегално. Меѓутоа офшор компаниите, често се користат за криење на вистинскиот сопственик, неговиот имот, спроведување на тајни парични трансакции, избегнување на плаќање данок и перење пари. Така е тешко да се утврди кој е нивниот вистински сопственик бидејќи се кријат зад агентите кои ја основаат фирмата.
Како да отворите офшор компанија?
За да отвори некој офшор компанија неопходно е пред се да избере јурисдикција односно надлежност која агенциите за отворање на такви компании им ја нудат на корисниците. Тие јурисдикции нудат можност за бизнис со користење на предностите на флексибилен даночен режим.
После тоа е потребно на надлежните за отворање да им ја доставите документацијата која ќе ви ја побараат. Исто така, потребно е да отворите банкарска сметка. Времето за отворање на офшор компанија зависи од јурисдикцијата за која оној кој сака да ја отвори компанијата се одлучил.
Даночен рај на Панама
Панама има најстабилна влада и економија во цела Централна и Јужна Америка, како и ниска каматна стапка, и затоа е погодна за отворање на вакви компании. За да отворите компанија во Панама потребни ви се 1250 долари. Исто така, секоја наредна година на датумот на основање на компанијата исто така мора да плаќате по 300 долари колку што изнесува годишната франшиза на такса.
Како би се обезбедила приватност на агенцијата за отворање на компанија покрај уплатница за помирени побарувања потребно е да се достави кој е номиниран директор како и овластување заверено на нотар.
Најчести активности на офшор компаниите
Сопствениците на бизнисот ги избираат за седиште на својот офшор бизнис оние јурисдикции кои нудат можност за бизнис со многу ниска или нулта даночна стапка. Тие јурисдикции (надлежности) обично се нарекуваат „даночни раеви“. Во групата на даночни раеви спаѓаат: Сејшелите, Панама и Дубаи.
Меѓу најчестите дејности на тие компании спаѓа трговијата, вложување консултантски услуги, заштита на имот, холндинг структура, посед на јахти и бродови, финансирање и даночно планирање.
Како предност на овие компании се наведува пред се високото ниво на приватност и доверливост, одлична заштита на имотот, поволни Закони за економски друштва, ефективно даночно планирање и ниски бизнис ризици. Во зависност од изберената офшорска надлежност, компанијата може да биде заштитена од тужби и побарувања на доверители и може да ги искористи условите за тргување на земјата и да се избегне двојно оданочување.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




