АГЕЛЕР ЗА ИЗЈАВАТА НА СЕНАТОРОТ МАРФИ: „Нема потреба да ја толкувам, неговата порака е јасна и важна“
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2023 16:31
Американската
амбасадорка во земјава Анџела Агелер, денеска од Кавадарци на отворениот ден
организиран во рамките на вежбата „Брз одговор 23“ не сакаше да даде свој
коментар за ставот на сенаторот Крис Марфи, кој пред два дена од Скопје порача да
се усвојат уставните измени, во спротивно неизгласувањето би претставувало
загрижувачки чекор во односите меѓу Северна Македонија и САД. Таа кусо појасни дека
неговата порака е јасна и важна.
- Сметам дека неговата порака е важна, дека доколку тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции не се направат до крајот на годинава, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол... кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа нема потреба од толкување на неговата изјава, верувам дека беше многу јасен, одговори Агелер на новинарското прашање.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




